Се роди бебе горила од загрозен вид во зоолошката во Бристол

Негувателите во зоолошката градина во Бристол го прославија раѓањето на бебе горила што се роди завчераутро.



Мајката Туони и таткото Џок сега се водечко семејство во живеалиштето на горилите во зоолошката.

Малата горила уште нема име.

„Бебето е силно, а мајката многу грижлива. Живеалиштето на горилите е затворено за да може Туони да се зближи со новороденчето“, рече портпаролот на зоолошката.

Ова е осма горила во оваа зоолошка градина. Последното младенче Аифа се роди во февруари минатата година со царски рез.

Овој вид горили во дивината живеат во Конго, Централна Африканска Република, Камерун и Габон.

Бројот на Вестерн лоуленд горили е опаднат за 60 отсто во изминатите 25 години поради незаконско ловење, болести и губење на нивниот хабитат во дивината.

Туони стигна во Бристол кога имаше седум години во октомври, 2015 година од зоолошка во Франција.

No comments

Powered by Blogger.