Најексклузивните пентхауси во светот


Со поголем број на поволности од фамилијарните вили, пентхаусите привлекуваат внимание на многу милијардери ширум светот.

Ние, денес Ви ги претставуваме најелитните пентхауси кои постојат – можеби не се најскапите, ниту најголемите, но нудат многу луксузни поволности и поседуваат уникатен шмек, кој само ја нагласува нивната вредност.

Opera Residence – Сиднеј, Австралија

Овој дом се наоѓа на деветнаесеттиот спрат и нуди одличен поглед кон пристаништето и проучената опера. Пентхаусот има три спални соби, четири купатила и гаража, а важи за еден од најскапите станови во Австралија.







30 Park Place – Њујорк, САД

Овој стан од 650м2 го зафаќа 78. и 79. спрат и содржи пет спални соби и шест купатила, камин и приватен лифт. Еден од неговите највпечатливи карактеристики е терасата со дупла висина, односно една од највисоките во целиот град.







Lumina Penthouse – Сан Франциско, САД

Овој дуплекс пентхаус нуди поглед кон сите знаменитости кон градот низ своите заоблени ѕидови. Има пет спални соби, огромна дневна соба и теретана. Дел од пентхаусот е и приватната кровна тераса за максимално уживање.







One Hyde Park – Лондон, Велика Британија

Овој пентхаус од вкупно 1.600 м3 површина е најскапата резиденција која е некогаш продадена во Британија. Дизајниран е од страна на студиото Candy & Candy специјално за сопствениците, а нуди поглед кон мирниот дел од паркот Хајд. Обезбедувањето и сигурноста се дефинитивно приоритет на овој пентхаус, бидејќи содржи соба за паника, непробојно стакло и чувари кои се обучувани од страна на британските специјални единици.







Tour Odeon – Монако

Овој пентхаус се простира на површина од 3250 м2, а поседува три спални соби, 24-часовна услуга на консиерж, кетеринг и приватен возач. Сепак, тоа не е ништо во споредба со Infinity базенот до кој се стигнува со спуштање низ тобоган. Сместен помеѓу 45. и 49. спрат, овој пентхаус нуди непопречлив поглед кон морето.



No comments

Powered by Blogger.