Пластична хирургија: Безбедна или опасна? Славните кои се уништија обидувајќи се да се разубават

Пишува: Точка

Животот не е фер кон жените. Некои од најосновните работи со кои мораат да се справуваат се тоа што се помалку платени од мажите, менструалниот циклус, раѓањето, физички се послаби и имаат вознемирувачки афинитети кон машки бендови додека се тинејџерки.

Но најлошо од се е тоа што општеството "не им дозволува" да стареат. Жените денес се под огромен притисок од страна на општеството, едноставно, да не изгледаат старо дури и кога се. Ова доведе до широка нормализација на пластичната хирургија со цел да се одложи времето и да се намали влијанието на природата.

Милиони прекрасни и интелигентни жени стануваат жртви на овој притисок и се подложуваат на една операција по друга во обид да изгледаат како да имаат 25 години. Како што можевте да видите на кавер фотографијата, резултатите се страшни! Сепак, овој феномен само што го зема својот залет.

Истражувајќи ги познатите ѕвезди кои станаа жртви на оваа опсесија, сами заклучете дали пластичната хирургија е позитивна или негативна мода на општеството.

Селин Дион



Соул пејачката помина низ драстична промена од младоста до сега. Титаник би можел да потоне кога би удрил во нејзината брада.

Хеиди Монтаг



Хеиди некогаш беше убавото девојче од соседството, но сега изгледа како мутант на Барби кукла.

Џенис Дикинсон



Прилично познат модел на пистите во нејзината младост, Дикинсон премина во досадна телевизиска личност, а сега изгледа како мешавина од Шер и некоја патка. А кога веќе ја спомнавме..

Шер



Сони Боно се тргна во вистинското време. Не само поради нејзината страшна клубска музика, туку поради нејзиното лице исто така..

Дерил Хана






Една од најубавите актерки во Холивуд за време на 80-тите, Хана денес изгледа како налутено маршмелоу кое носи перика и шминка.

Мадона




Материјалната девојка, позната по тоа дека се има самата себе изградено, очигледно сама си го изградила и лицето.

Мег Рајан



Уште една од најубавите актерки на 80-тите и 90-тите, Мег Рајан, денес изгледа како патка, удрена со безбол палка.

Мелани Грифит





Актерката и поранешна сопруга на Антонио Бандерас, позната по својата убавина и шарм уште на почетокот на својата кариера. Едноставно требала да си дозволи да старее грациозно. Овој пристап не функционирал кај неа очигледно.

Донатела Версаче




Иконата на модата е иронично најградата жена на планетата денес. Зошто некој би земал модни совети од некој чие лице е трансформирано во ова? Зошто некој би побарал билокаков совет? Таа повеќе личи на улога од Мапет шоу отколку на човек.

Како што можете да видите, борбата против природниот тек може да има сериозни последици. Нема да бидеме негативно настроени и да ви кажеме да не подлегнувате на пластична хирургија, но ве замолуваме, нека биде нешто мало и едноставно. Обидувајќи се да се промените себе си најверојатно ќе се претворите во анимирана гумена патка.

No comments

Powered by Blogger.