Погледнете го новиот дом на Новак и Јелена

Пишува; Точка

Познатиот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ неодамна купи нов, повеќемилионски дом во Мајами, каде што наскоро ќе живее со својата сопруга Јелена.

Новиот стан се наоѓа во Мајами, на последните катови во ултралуксузниот резидентален дел, Eighty Seven Park. Станот има три спални соби и три купатила, додека целиот простор на станот е опкружен со тераси. Зградата во која станот се наоѓа не е завршена, а истата е дело на познатиот архитект Renzо Pianо, кој е дизајнер и на познатиот музеј Whitney во Њујорк.



Ѓоковиќ не ја откри точната цена на станот, но според податоците, почетната цена на трособна резиденција во оваа зграда чини околу 5.9 милиони долари. Како што напоменавме, раскошната зграда е сè уште во процес на доградба, а би тербало да биде пуштена следната година.







Новак вели дека тој бил привлечен од услугите кои оваа зграда ги нуди, но и со панорамскиот поглед кој се отркива од неговиот стан.

“Овој стан е олицетворение на совршениот начин на живот за мене и мојата сопруга Јелена”, додава тој.



Површините на становите во оваа зграда се од 140 до 700 м2, а “во комбинација со нив” доаѓа и базен и луксузен, приватен парк кој е создаден за уживање.



No comments

Powered by Blogger.