Блејк Лајвли полудела поради едно прашање на новинарката

Пишува: Точка

Блејк Лајвли ги изгубила нервите откако новинарката на црвениот тепих на евентот "Power of Woman", кој го организирало списанието "Variety" прашала што облекува кога сака да се чувствува моќно.

Како што пишува New Yokr Daily News, актерката добила една од наградите на "Variety", а наместо за нејзините достигнувања и достигнувањата на другите жени, новинарката ја интересирала облеката што ја носи.
Blake Lively popping off after someone asked her about fashion at  - "Are we really doing this? Would you ask a man that?"
"Дајте, денес сакате да зборувате за облека? Ајде да зборуваме за зајакнување на жените. Облека? Ќе го поставите ли тоа прашање на некој маж? Не, нема. Жал ми е", рекла таа.

Актерката во март учествувала на "Women's march" во Њујорк, а веќе неколку пати нагласила дека се бори за поголеми права за сите жени, најмногу за својата ќерка.

"Имаме нереални стандарди на убавина и норми за убавина. Тоа што го гледате на црвените теписи бара многу труд. Луѓето не разбираат дека тоа е труд. Девојчињата гледаат луѓе во средено издание и не знаат дека тие не изгледаат така кога ќе се разбудат, иако тоа издание е убаво", рекла актерката.

No comments

Powered by Blogger.