Се појавила снимка од череп и дрво на Марс? НАСА тврди дека тоа се чудни облици

Пишува: Точка

Љубителите на теориите на заговор тврдат дека роверот на НАСА на Марс пронашол остаток од дрва, како и вонземјански череп.

Роверот "Curiosity" инаку редовно праќа фотографии од Црвената планета, и НАСА редовно ги објавува.

Снимката покажува стебло од дрво и череп од вонземјанин и е поставена на ЈуТјуб. Според зборовите на сопствениците на каналот, објектот претставува дрво и делува како да не е од таа планета. "Можно е да станува збор за остатоци од марсовско дрво кое е јагленосано", се вели во пораката.
Друг теоретичар на заговор вели дека можеби дошло до тоа по силната соларна експлозија која во момент ја оддувала атмосферата на Марс.

Бидејќи станува збор за наводен череп од Марсовец, истиот автор вели дека има очни шуплини и дека устата и носот ѝ се поврзани, исто како на човекот.
"Кога НАСА би ја работела својата работа, луѓето би ја знаеле вистината", се вели во коментарот.

Од своја страна, НАСА тврди дека станува збор само за чудни облици.

No comments

Powered by Blogger.