Исповед на новинарка на тајна задача: Под маска на муслиманка заведов џихадист

Пишува: Точка

Со месеци разговарала со еден од најбараните џихадисти на светот.

Доцна вечерта во еден петок во април 2014. година, примила порака.

"Селам алејкум, сестро. Забележав дека си ја гледала мојата снимка. Дали си муслиманка?", ја прашал еден џихадист француската новинарка Ана Ерел.
Седела во својот стан во Париз, а пораката која ја добила на Фејсбук навистина ја шокирала, напишала Ерел во својата книга. Ги проучувала европските џихадисти во ИСИС и ја интересирало зошто некој би се откажал од се и се одлучил на смрт во Ирак или Сирија.

Како и многу други новинари, и Ерел имала лажен Фејсбук профил кој го отворила за да може да ги следи секојдневните вести. Профилот го носел името Мелоди, а зад профилната фотографија со принцеза на Дизни се криела 20-годишна Тунижанка. Тој судбоносен петок гледала снимка од француски џихадист познат под прекарот Абу Билел. Зборувал како тече животот во Сирија, а на заинтересираните гледачи им покажувал што носи со себе во автомобилот, од панцир до оружје.


Доаѓање во Сирија


Мелоди го споделила видеото на свој профил на Фејсбук и наскоро ја дочекале три пораки од самиот Абу Билел.

"Дали размислуваш за доаѓање во Сирија?", ја прашал тој отворено. Таа му кажала дека е многу изненадена од понудата. Не очекувала дека еден џихадист има време за разговор со обична Французинка.

"Секако дека имам време. Тука е 11 часот навечер, борците завршија со работа за денес. Би требало да разговараме преку Скајп", напишал тој.

Подоцна се воспоставило до Абу Билел е еден од најблиските соработници на шефот на ИСИС, Абу Бакр Ал Багдади. 15 години минал на разни бојни полиња, а патот го одвел во Сирија, во рацете на исламистите. Една од првите пораки кои ги размениле била како Мелоди станала муслиманка. Ерел раскажала дека преминала во ислам, и дека тој факт го крие од родителите.

"Треба да се подготвиш за селење. Јас ќе се грижам за тебе", и напишал џихадистот на младата муслиманка. Ерел се зачудила како 35-годишен ветеран со леснотија наговара млада девојка на преселување, во моментно најкрвавата држава на светот.
Рај на земјата

Веќе наредниот ден се слушнале преку Скајп, и тој се фалел со својот нов дом.

"Сирија е прекрасна земја. Верувај ми, тука е рајот на земјата", зборувал Абу Билел. Кога Мелоди покажала трошка неодлучност, Билел станал уште поупорен.

"Слушај, многу добро ќе се грижиме за тебе. Ќе бидеш важна тука. Ќе бидеш мојата кралица ако прифатиш да се омажиш со мене", рекол искусниот џихадист. Разговарале со денови, секогаш во исто време. Секогаш преку Скајп.

Една вечер, Ерел ја дочекал нов шок.

"Жено, имам добри вести. Разговарав со судијата во Рака и тој се весели на нашата венчавка", порачал Абу Билел. Меѓутоа, на изненадувањата тука не им бил крајот. Абу Билел тогаш ја известил Мелоди дека и официјално станала сопруга на еден од најлошите џихадисти во светот. Наскоро почнал да инсистира дека таа треба да дојде во Сирија. Одлучила само делумно да ги послуша неговите упатства. Договорот бил дека таа ќе отпатува преку Амстердам до Истанбул и дека од таму ќе оди турско-сириската граница. Во Истанбул ќе ја дочека жена која ќе и ги објасни деталите од остатокот од патувањето.

Испрашување во полиција


Секогаш желна за нови приказни, Ерел одлучила да отпатува и скришно да ги фотографира контактот во Истанбул, и на тоа приказната би сопрела. Сепак, Билел се премислил. И наредил да оди во Урфа, град на самата граница со Турција и Сирија, каде има повеќе џихадисти. Знаела дека таму не смеела никако да оди. Ја прекинала секоја комуникација со него.

Француската полиција со недели ја испрашувала, а самата признава дека престанала да брои колку пати била на испрашување. Кратко потоа дознала дека постои фетва против неа. "Силувајте ја, каменувајте ја, убијте ја", се само некои од заканите до француската новинарка.

No comments

Powered by Blogger.