Одмаздата на Путин за терористичкиот напад: Полетаа руските авиони - „дожд" од бомби во Сирија

Пишува; Точка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, итно реагираше по вчерашниот терористички напад во Санкт Петербург - ги удри терористите таму каде што најмногу ги боли.

Само неколку часа после терористичкиот напад на подземната железница во Санкт Петербург, руските авиони полетаа и започнаа голема операција за елиминирање на позициите на терористите во околината на сириската престолнина Дамаск. Според информациите од терен, руските авиони со часови не престанале да бомбардираат.

Инаку, во текот на вчерашниот ден, во терористички напад на подземната железница во рускиот град Санкт Петербург, најмалку 10 лица го загубија животот, а над 50 се повредени. Билансот на жртви веројатно би бил и поголем доколку експлодирала уште една експлозивна направа која што била пронајдена од полицијата и навреме била деактивирана.


Набрзо после терористичкиот напад, се огласи рускиот претседател Владимир Путин кој порача дека се разгледувале сите причини за експлозијата, се анализирала целата ситуација, а безбедносните и разузнавачки служби не исклучувале тероризам.

„Непознати се причините за експлозијата, па затоа се уште е рано да се зборува за тоа. Истрагата ќе покаже“, изјави Путин во пресрет на состанокот со белорускиот претседател Александар Лукашенко.



Путин порачал дека било природно најпрвин да се разгледаат сите верзии, а потоа да се донесат заклучоци, како и евентуален одговор на нападот. Рускиот претседател порачал дека безбедносните служби прават се што е во нивна можност да ја утврдат причинта за експлозијата.

No comments

Powered by Blogger.