„Утрински весник“ и „Вест“ денеска излегуваат за последен пат

„Утрински весник “ и „Вест“ денеска за последен пат излегуваат. „Утрински весник“ згаснува по цели 18 години, а „Вест“ по цели 17 години.



На улица остануваат повеќе професионални новинари. Новинарите од двата весника, за последен пат, макар и симболично со „шише со пари“ на мирен собир го одбележаа затворањето на весниците.

Весниците „Утрински“ и „Вест“ ќе станат веб-портали со по неколку вработени, а останатите ќе останат без работа.

Фирмата МПМ ќе оди под стечај. „Медиа принт ДООЕЛ“, фирма ќерка на „Медиа принт Македонија“ објави огласи за вработување на 55 новинари. Во моментов има вкупно 230 вработени новинари, новинарски работници, технички служби. Од нив во новата фирма ќе одат само 113 вработени.

No comments

Powered by Blogger.