Иванка Трамп исвиркана на самитот во Германија при зборување за својот татко


Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка Трамп денеска пристигна во Берлин на женскиот самит Г20 на кој претставници на 20 најразвиени земји на светот ќе разговараат за актуелите глобални предизвици.

Иванка во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, а на состанокоот на Г20 со женски претставници ќе учествува во дебати и со првиот човек на Меѓународниот Монетарен Фонд, Кристин Лагард.

Неформалниот советник во Белата Куќа минатиот месец беше дел од средбата меѓу претседателот Трамп и канцеларката Меркел во Вашингтон, која според медиумските извештаи не донесе подобрување на односите меѓу САД и Германија.

Германските медиуми сега очекуваат дека посетата на Иванка Трамп може да ги приближи двете земји по почетните тензии меѓу новата администрација во Вашингтон и германската влада во Берлин пред се на полето на трговијата.

Покрај Иванка Трамп и Кристин Лагард, на самитот во Берлин учествуваат и канадската министерска за надворешни работи Кристија Фриленд и холандската кралица Максима.

No comments

Powered by Blogger.