Со вакво оружје е направен масакрот во руското метро: Направата од домашна изработка предизвикала хаос

Пишува: Точка

Речиси веднаш по нападот во метрото во Санкт Петербург се појавија информации дека станува збор за уред од домашна изработка.

Околу десет лица ги изгубиле животите, а најмалку дваесет се повредени во денешната експлозија во метро во Санкт Петербург. Полицијата потврдила дека станува збор за терористички напад, а во близина на метрото била пронајдена уште една неексплодирана бомба.

Експлозијата се случила помеѓу две постојки кога возот пристигнал на станицата Сенаја Плошчад кај Технолошкиот институт, рекол изворот за Ројтерс.

Експлозивната направа која направила хаос во метрото била направена во домашни услови и е позната како валкана бомба. За нејзината изработка била искористена конзерва во која биле ставени експлозив и шрапнели.
Иако првичните информации говореа за две експлозии, се активирала само една, а како што споменавме погоре, другата била пронајдена на друга метро станица и била деактивирана, а нејзините фотографии се појавија на интернет.

Како што известуваат руските медиуми, бомбата која била деактивирана содржела еден килограм ТНТ експлозив, односно пет пати повеќе отколку бомбата која експлодирала.

Според некои информации, направата која експлодирала се наоѓала во црна торба, а ја оставил човек кој веднаш се префрлил во друг вагон.

No comments

Powered by Blogger.