Јадел риба една година секој ден и еве кој е резултатот

Пишува: Точка

Авторот и соработник на New York Times, Пол Гринберг, во својот нов документарен филм "The Fish On My Plate" ја тестирал една од најголемите нутриционистички мистерии – рибата.

Целта на Гринберг била да истражи колку е корисно да се јаде риба, особено со оглед на нејзиното изобилство на Омега 3 масни киселини и за нивното решавање на здравствените проблеми како депресија, квалитет на сонот, крвниот притисок или холестеролот.



Тој одлучил една година да јаде риба, а не го очекувал она што му се случило. Всушност, не му се случило апсолутно ништо, освен малку поголем крвен притисок во однос на претходната година, пишува „Man's Health“.

Освен тоа, имал неколку несакани ефекти поради преголемиот внес на жива, вклучувајќи нешто послаба меморија и побавно размислување. „Ако размислувате околу Омега 3 масните киселини, поротата се` уште е надвор“, рекол тој за BuzzFeed News. Сепак, напоменал дека тоа не значи дека треба да се откажете од рибите, туку дека треба да се конзумираат умерено, исто како и се` друго.



„Рибата е многу повеќе од Омега 3 масни киселини“, рекол доктор Дариуш Мозафаријан и додал дека таа содржи цинк, важни амино киселини и витамин Д. Исто така, додал дека ризикот од труење со жива е „надуен“, односно ако рибата се конзумира во умерени количини, нема причини за страв.

No comments

Powered by Blogger.