Сосед им помагал на родителите да ја пронајдат исчезнатата ќерка, а потоа била откриена морничавата вистина

Пишува: Точка

Телото на шестгодишното девојче било пронајдено скриено во кутија под креветот на 30-годишниот сосед, кој на нејзините родители со денови им помагал во потрагата.

Малата Харшита исчезнала пред една недела додека си играла пред својот дом во Бенгалур во јужниот дел на Индија. Родителите биле во домот и околу 18 часот почнал да врне дожд, па ја повикувале својата единица да се врати дома. Но, неа ја немало никаде, никој не ја ни видел, па започнала потрагата по неа.

Во барањето им се придружил и 30-годишниот сосед Анил во чиј дом се случило монструозно злосторство. Харшита била пронајдена во замотана кутија под неговиот кревет. Полицијата се сомнева дека девојчето било силувано пред да биде убиено.



Анил бил семеен пријател од 2009 година кога се доселил во нивното соседство, оженет е и има две деца на возраст од шест и три години, пишува „Mirror”. Родителите на убиеното дете се шокирани, не можат да поверуваат дека ужасното злосторство го сторил нивниот пријател, кој за време на потрагата глумел загриженост и им давал поддршка. Мајката доживеала шок после ова сознание и се наоѓа во болница.

Злосторството било откриено така што во понеделникот од куќата на убиецот почнала да се шири неподнослива миризба. Полицијата провалила во куќата и затекнала ужасна сцена, насекаде имало крв, а телото на малечкото девојче почнало да се распаѓа.

Како што изјавил за медиумите инспекторот Рагхавендра Свами, убиецот наводно побегнал во своето село каде што живеат неговите родители.



„Кога бил доволно далеку, му се јавил на еден од соседите за да му каже дека заминал кај неговите. Два часа подоцна почнала да се чувствува смрдеата и тогаш не` повикаа повторно да дојдеме.“

Полицијата го пронашла телефонот на осомничениот, но него сè уште не го нашле.

No comments

Powered by Blogger.