Пјонгјанг продолжува да се заканува: Подготвени сме за тотална и нуклеарна војна!

Пишува: Точка

Доколку САД изврши воен напад на Северна Кореја, властите од Пјонгјанг се подготвени на тотална војна да одговорат со тотална војна.

Ова го порачаа од военото аташе на севернокорејската армија, за време на приемот во Амбасадата на Северна Кореја во Москва по повод 85 годишнината од формирањето на армијата на Северна Кореја.


„Ако тие извршат неразумна провокација, корејските револуционерни сили ќе нанесат уништувачки удар и ќе одговорат со тотална војна на тоталната војна, а ќе одговорат и со нуклеарен напад на нуклеарен напад, во наш стил“, порачал дипломатот Ким Јонг Зин.

Тензиите на Корејскиот полуостров пораснаа во последните неколку месеци после низата на ракетни тестирања на Северна Кореја и гласините дека Пјонгјанг се подготвува за ново тестирање на балистичка ракета.



Американците порачаа дека не исклучуваат дури ниту воена акција против Северна Кореја и нагласија дека САД секогаш ќе стои рамо до рамо со своите сојузници Јужна Кореја и Јапонија. Сепак, сега пред се Американците и Кинезите се обидуваат со економски притисоци да го убедат режимот од Пјонгјанг да сопре со тестирањето на ракети.

Дека ситуацијата е сериозна, доволно говори фактот што Американците веќе испратија кон Корејскиот полуостров свои воени бродови, Кинезите распоредија 150 илјади војници долж границата со Северна Кореја, а истото го сторија и Русите кои што во близина на руско-севернокорејската граница, распоредија војници, тенкови и оклопни возила.

No comments

Powered by Blogger.