Само во Русија: Во бикини на снег

Пишува: Toчка

Околу 1.500 љубители на зимски спортови облечени во бикини и шорцеви се собраа во рускиот регион Кемерово и уживаа во снегот.

На познатото скијачко одморалиште Шерегеш во срцето на Сибир се собраа учесници од Русија, САД, Кина, Италија, Германија и Франција и поставија нов рекорд на Грелка Фест.

На годинашниот настан имаше 1.498 скијачи и сноубордери, што е за 387 повеќе отколку во 2014 година, рече главниот уредник на руската книга на рекорди.

Мис Шерегеш е 21-годишна студентка од Новосибирск која освои награда од 10.000 долари.

No comments

Powered by Blogger.