Смилковско езеро, семејството сѐ уште не ја знае вистината за убиството


Пет години од петкратното убиство на Смилковското езеро. Семејствата на жртвите се уште не ја дознаа вистината за убиството на нивните синови, иако за овој случај на доживотен затвор се осудени пет лица. Сомневањата беа покренати по информациите дека за убиството на младите момчиња, постои поинаква вистина. Роднините на жртвите ги обвинуваат политичките партии, за како што велат, трговија со крвта на нивните деца.

И членовите на семејствата на осудените на доживотен затвор бараат правда. Но, тие велат дека фактот што истражните органи не ги земале сериозно сите докази, покажува дека случајот е монтиран.

„Пет години станаа, отидоа пет години. Дали ќе се формира друг орган, јавно обвинителство, специјално, или специјален суд или судот во Стразбур, што нè интересира ова кога поминаа овие години? Што ќе ни треба еден збор, кога ќе ни кажат се извинувам сте биле невини? Што ако умрат во затвор, да останат инвалиди или да се трауматизираат? Што да очекуваме ние како семејства кога знаеме дека сме невини, ништо не е преземено за решавање на случајот. Еден роман ќе биде малку да се опишат страдањата и последиците. Немаме каде да се жалиме. Имавме двајца министри за правда Албанци, сега е третиот, но никој не направил ништо“. – изјави Бедри Ајдари, роднина на затвореник

Иако од страна на осудените имаше волја за соработка со родителите на жртвите, тие ја игнорираа ова подготвеност за да ја дознаат заедно вистината. Петкратното убиство на Смилковско езеро, влијаеше на меѓуетничките односи, особено кај албанска страна. Еден ден по убиството жителите Албанци од Радишани се соочија со протести и притисок од сограѓаните. Семејствата на осудените лица и граѓаните Албанци протестираа неколку пати против одлуката на судот.

Адријан Керими / Алсат

No comments

Powered by Blogger.