Ел Чапо се жали на условите во затворот во Њујорк

Мексиканскиот нарокобос Хоакин Гузман Лоера познат како Ел Чапо беше префрлен во затвор на Менхетн во јануари, 2017 година и оттогаш протестира поради лошите услови.



Ел Чапо (59) беше префрлен во САД каде ќе се соочи со обвинение за водење на меѓународна операција за трговија со дрога вредна неколку милијарди долари, објави New York Times.

Ел Чапо стана најпопуларниот затвореник во затворот под силно обезбедување, не смао поради неговата злогласеност, туку поради залагањата за реформи во затворот.

Тој неколку пати се жали дека во неговата ќелија светлото е вклучено 24 часа на ден и дека е под постојан надзор со камери.

Неговите адвокати велат дека тој е затворен во ќелијата 23 часа на ден и дека му е ускратен каков било контакт со сопругата.

Обвинителството вели дека овие мерки се соодветни за некој кој два пати побегнал од затвор во Мексико.

No comments

Powered by Blogger.