Протекла фотографија која прикажува како изгледа денес Мишел Обама - кога Барак повеќе не е претседател

Пишува: Точка

На интернет кружи фотографија од поранешната американска прва дама, Мишел Обама, со целосно природна коса. Како што може да се види на фотографијата која ја објавил корисникот @magnacarta, откако нејзиниот сопруг Барак ја напуштил Белата куќа и семејството заминало на одмор, Мишел се откажала од пеглање на косата.

Фотографијата се појавила во саботата, а не е познато каде и кога е направена. Досега била споделена 30.000 пати и лајкувана 90.000 пати.
This is the picuture I have been waiting on for like 3 years. COME ON NATURAL.
Нејзиниот фризер Џони Рајт пред две години рекол дека косата на Мишел е целосно природна, и дека таа на секој одмор престанува да ја користи пеглата за коса.
Obama's on vacation with the hat backwards. He's never coming back.
Мишел и Барак се на одмор од инаугурацијата на Доналд Трамп во јануари, а моментално се на Девствените острови со милијардерот Ричард Брансон, кој таму поседува свој остров. Обама таму се посветил на сурфање, додека Мишел одмара на плажа.
Интернетот е воодушевен од нејзината природна коса.


No comments

Powered by Blogger.