Официјално е: Елон Маск е во врска со бившата на Џони Деп

Сопственикот на Tesla и поранешната сопруга на Џони Деп тајно се гледаат веќе некое време, но Амбер Херд синоќа јавно си ја обележа територијата.



Маск ретко објавува содржини на Instagram поврзани со неговиот приватен живот, таму најчесто ќе најдете фотки за неговите брендови Tesla и Space X.

Меѓутоа Маск, еден од најпосакуваните ергени во светот, вчера објави фотографија на која седи заедно со Амбер Херд во ресторан, а на лицето има голем бакнеж со кармин во иста боја како нејзиниот.
Амбер објави слична фотографија на нејзиниот профил на Instagram, очигледно горда на нејзиното дело.


Амбер си ја обележа територијата и стави крај на шпекулациите.

Претходно двојката беше видена во природниот резерват Currumbin Wildlife Sanctuary како се држат за раце. Таму се забавуваа со неколку од неговите шест синови.





Според Forbes, богатството на Маск изнесува 14,9 милијарди долари.

Амбер и Елон се запознале во 2013 година уште додека таа беше во брак со актерот Џони Деп, а Маск наводно бил магепсан од неа.

Шпекулациите дека двајцата се заедно почнаа уште лани летото откако двајцата беа забележани на настани во Лондон и Мајами.

No comments

Powered by Blogger.