Заборавете на анонимноста: Фејсбук воведува нова опција


Најновите промени на Facebook на повеќето нема да им се допаднат бидејќи го уништува оној дел од социјалната мрежа кои многумина го сакаат - неограничено следење на своите пријатели без страв дека ќе бидете фатени во тоа.

Сега, кога ќе погледнете нечија објава на новата опција Stories, корисникот ќе биде известен за тоа. Ваквата објава постои 24 часа, а се состои од една или повеќе фотографии или кратки видеа. На ваков начин Stories делува на секоја платформа која ја поддржува - на пример Snapchat или Instagram, но кога станува збор за Facebook, ова сигурно ќе ги влоши работите.



На Facebook можете да објавите сè - фотографии, видеа, текст, но сигурно нема да Ви биде пријатно доколку некој кој редовно го следите, а не сакате да знае дека го следите, го види Вашето име на листата.

На луѓето им е забавно да гледаат туѓи профили без да оставаат коментари и да кликаат на нивните објави без никому да се оправдуваат. Facebook Stories е всушност конкуренција на Snapchat, меѓутоа многу помалку популарна. Оваа новост сигурно нема да ја направи попривлечна и да придонесе за нејзината популарност.

No comments

Powered by Blogger.