Вистината за Могли од Индија: Девојчето пронајдено со мајмуни било оставено од семејството во шума, а причината ќе ви го скрши срцето

Пишува: Точка

Дрвосечачи ја пронашле во јануари во шума во регионот Катарнијагат, на северот на Индија: запуштеното девојче имало помеѓу 8 и 12 години, и на прв поглед изгледало како со години да живеело со мајмуни.

Се однесувала како животно, одела на раце и нозе, била гола и јадела од земја, рекол началникот на болницата во Бахраич, во сојузната држава Утар Прадеш.



Приказната звучела како вистинска верзија на "Книгата за џунглата", но, според пишувањето на Guardian, сепак не одговара на вистината. Повикувајќи се на информации од локалната шумска управа, весникот наведува дека девојчето било оставено во шума релативно скоро. Во прилог на тоа оди и фактот дека е најдено во близина на улица, а не длабоко во шума. Покрај тоа, кога било пронајдено, девојчето не живеело со мајмуни, туку тие биле во близина. 



Според најновите сознанија, девојчето не знае да зборува бидејќи е ментално заостанато. По околу два месеци во болница, девојчето почнало нормално да оди и да јаде со раце. Иако не зборува, разбира што и се зборува и се смее, вели директорот на болницата во Бахраич.

Не е исклучено дека девојчето живеело со мајмуни, но доколку да, тоа траело кратко. Лекарите, меѓутоа, не сакаат да изнесуваат проценки за тоа колку долго девојчето живеело во шума.



Девојчињата во Индија често се во многу тешка ситуација, бидејќи се во подредена позиција во однос на момчињата.

"Девојчињата тука не се баш најомилени, покрај тоа, таа ментално не е целосно развиена. Сè укажува на тоа дека семејството се обидело да се ослободи од неа и затоа ја оставиле во шумата", вели шефот на Шумската управа, Д.К Синг.



Директорот на болницата ја потврдува неговата теорија:

"На почетокот само ползеше, сега оди нормално".

Нејзиниот брз напредок укажува на тоа дека растела со луѓе и дека од претходно научила одредени вештини.

No comments

Powered by Blogger.