Ова е новата руска „летечка тврдина": Подеднакво ефикасен на сите терени...

Пишува: Toчка

Еден од најуспешните производи на руската воена индустрија беше борбено-транспортниот хеликоптер Ми-24. Неговиот наследник, секако, е уште подобар.

Покрај оружјето, Ми-24 може да носи и група на војници со целосна воена опрема. Исто така, се покажа одлично и во најтешки временски услови, но поради големиот товар кој што може да го понесе, овој хеликоптер е побавен во маневрирањето во однос на своите конкуренти.

Инспирирани од оваа машина, Русите одлучија да направат нова верзија и да ги подобрат сите недостатоци. Проектот доби назив Ми-37, а неговите дизајнери го направија така да може да им конкурира на најдобрите странски хеликоптери.

Првите верзии на овој хеликоптер беа чувани како најстрога тајна. Исто како и Ми-24, пилотот и навигаторот се наоѓаат во посебни кабини. Седиштата се специјално дизајнирани за да го заштитат екипажот при лет на ниски висини. Сите информации се прикажуваат на мониторот кој помага да се одреди оддалеченоста на метата во сите временски услови.

Таа опрема е толку прецизна, така што може да се користи дури и при полетување или слетување.

Ми-37 има мултифункционална опрема што го чини борбен хеликоптер, но и извиднички хеликоптер. Дизајнерите го опремиле дури и со посебниот „Арбалет“ радар кој што може прецизно да ги одреди координатите на копнени и поморски мети и секако, истите да ги нападне со најновите типови на проектили. Овој радар исто така овозможува избегнување на препреки при слетување на ниски височини.

Покрај тоа, Ми-37 е опремен со посебна опрема за ометање која симулира лажни мети и ги пренасочува проектилите кои што летаат кон хеликоптерот. Покрај одбранбената опрема, хеликоптерот содржи и воздух-воздух ракети, противтенковски ракети на наведување, големи контејнери со лансери на гранати, а може да понесе и бомби од 500 килограми.

No comments

Powered by Blogger.