Ако пукне таму, ќе "пукнеме" сите: НАСА открила пукнатина која би можела да ни ги промени животите на сите

Пишува: Точка

Научниците на НАСА кои работат на проектот "Operation IceBridge", неодамна прв пат се фотографирале со растечката пукнатина во глечерот Петерман, кој спаѓа во гренландската ледена површина со море, а која би можела да остави несогледливи последици на животот на Земјата.

Пукнатината се појавила на средината на глечерот, односно во "во текот на мразот", и тоа на "јазик" кој се влева во океанот.

Тоа што претставува уште поголем проблем е тоа што во близина на новата пукнатина се наоѓа од претходно познатиот "ом", кој се простира кон центарот на глечерот. Доколку двете пукнатини се спојат, големо парче замрзната плоча на североисточен Гренланд би можел да се скрши и да заплови во океанот.
Научниците се надеваат дека глечерот со сопствената сила ќе спречи спојување на пукнатините, но тоа е тешко да се предвиди.

Стеф Лермит, професор на холандскиот универзитет "Delft", прв ја предупредил НАСА и им ги покажал координатите на пукнатината кога ја забележал на сателитска фотографија. Самата пукнатина прв пат била забележена во јули 2016. година, благодарение на сателити кои кружат околу Земјините полови, и од тогаш само расте.
Иако не е познато што го предизвикало ова пукање, Лермит смета дека одговорот е можеби во судирот на топлите води на океанот со подножјето на мразот.



No comments

Powered by Blogger.