Првата судијка муслиманка пронајдена мртва: Нејзиното тело пловело по реката Хадсон

Пишува: Точка
Пронајдена била целосно облечена во средата, на еден километар од нејзината куќа во Харлем.

Првата судијка муслиманка во САД, 65-годишната Шила Абдус-Салам, била пронајдена мртва како плови во реката Хадсон во Њујорк.



Пронајдена била целосно облечена во средата, на еден километар од нејзината куќа во Харлем, само ден откако нејзиниот сопруг го пријавил нејзиното исчезнување.



Полицијата соопштиле дека на нејзиното тело не се видливи знаци на траума или повреди, и дека со обдукција ќе се одреди причината за смртта.



Абдус-Салам била првата Афро-американка која служела во највисокиот суд во Њујорк, а била и соработник на Апелациониот суд.



Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, рекол дека е горд што ја именувал Абдус-Салам за судија во највисокиот суд во државата, додавајќи дека длабоко жали за нејзината смрт.



Градоначалникот на Њујорк, Бил Де Бласио, се простил Абдус-Салам на Твитер.

Deeply saddened by the tragic passing of Sheila Abdus-Salaam. She was a humble pioneer. My thoughts are with her family.

No comments

Powered by Blogger.