Џиновска штедна касичка: Во оваа фонтана се кријат милион и пол долари – во ситни пари!

Пишува: Точка

Рим е една од најпопуларните туристички дестинации во светот, а Fontana di Trevi не претставува само уметничко богатство, туку и вистинска џиновска штедна касичка сместена во Вечниот град, во којашто туристите само минатата година оставиле речиси милион и пол долари!

Всушност, кога воопшто се зборува за Рим, познатата Fontana di Trevi спаѓа помеѓу најважните атракции кои обврзно мора да ги видите и посетите во Вечниот град.

Легендата вели дека секој оној којшто ќе фрли паричка во фонтаната, еден ден повторно ќе се врати во Рим. Меѓутоа, има и уште една, помалку позната традиција. Уште една, втора паричка за нова, возбудлива љубовна авантура, а пак трета паричка за брак, пренесува Corriere.



Три најзастапени валути се еврото, американскиот долар и јенот. А освен ситни пари, во фонтаната може да се пронајдат и повредни нешта, како на пример драги камења, па дури и златни заби.



Според договорот со градот, римската бискупија ги добива парите од фонтаната, а потоа сретствата понатаму се користат за помош на сиромашните и за работата на јавните кујни.

Инаку, фонтаната имала помала “заработка” во 2014-та и 2015-та година, кога локалните власти работеа на нејзино обновување. А самата реставрација на фонтаната особено ја фасцинирало модната куќа Fendi, којашто токму својот роденден минатата година реши да го прослави со модна ревија над познатата фонтана, што со сиурност има голем удел во огромната заработка.

No comments

Powered by Blogger.