Ирина Шајк ѝ даде француско име на новородената ќерка

Популарната двојка, моделот Ирина Шајк и актерот Бредли Купер, кои неодамна станаа родители, стого ја чуваат својата приватност, но медиумите успеаја да ги дознаат полот и името на бебето.



Нивното девојче доби француско име, ќе се вика Lea de Seine Shayk Cooper, објави магазинот E! Online.

Ирина и Бредли наводно се шетале низ Лос Анџелес со бебето кога нивната тајна излегла на воделина.

Меѓутоа, медиумите сигурно ќе се помачат да дојдат до фотографија од бебето.

Двајцата се заедно од мај, 2015 година, откако Ирина ја прекина врската со фудбалерот Кристијано Роналдо.

Медиумите шпекулираат дека штом манекенката се врати во форма, двојката планира и венчавка.

No comments

Powered by Blogger.