Осум работи што Амал Клуни речиси никогаш не ги носи


Иако и претходно успешна жена, љубовниот однос со Џорџ Клуни на Амал Клуни ѝ донесе уште поголемо медиумско внимание.

Честопати од модните инсајдери е посочувана како жена со позитивни модни примери.

И ако поподробно ги разгледате нејзините комбинации ќе забележите дека во нејзиниот стил доминира елеганцијата.

Високи потпетици носи и во бременоста, а и струкираната облека сè уште влегува во нејзините топ стајлинзи.

А во продолжение ќе прочитате кои се осумтте работи во кои речиси никогаш нема да ја видите:

1.Преширока облека – лежерен стил налик на несреденост е нешто во што Амал Клуни не се пронаоѓа. Тоа можете да го видите можеби на Ријана, но не и на оваа правничка, што и не е некое изненадување. Парчиња што ја истакнуваат силуетата секогаш го имаат приматот.



2.Фармерки – Сме ја виделе и во џинс, сепак фармерките сè почесто ги менува за панталони со широки ногавици или оние тесни со висок струк.



3.Патики – Досега не сме ја виделе во такво издание. Но, затоа чизмите во сите должини и салонките се нешто што очигледно го поседува во изобилство.



4.Рамни обувки – Кога сме веќе кај обувките, иако поседува висина за да може да си дозволи, госпоѓата Клуни многу ретко излегува со балетанки. Забележана е како носи оскфордки, рамни чизми, но тие пати можете на прсти да ги изброите. Како обожавател на истакнатата силуета, смета дека високите потпетици се вистински избор за тоа.




5.Бомбер јакни – имајќи го предвид тоа што не носи патики и широка облека, ова некако е логичен след на работите. И јакните со качулка, или некој друг спортски моделшто би значел зголемена комоција изгледа нема да го видиме на неа. Но, затоа тесните и дамски костимчиња, мантилите со фит крој и исти такви капути се секогаш во прв план.



6.Карирани кошули – иако кошули сака и често ја гледаме во нив, веројатно и поради природата на нејзината работа, карираните и не се меѓу омилените.



7.Накит – На Амал Клуни нема да забележите ѓердан или некој впечатлив моден додаток, дури кога се работи и за свечени пригоди, што не значи дека во своите комбинации не внимава на деталите.



8.Шал – Веројатно не се чувствува пријатно да има нешто околу вратот, па и шалот или марамите не се составен дел од нејзиниот секојдневен стил. На сметка на тоа, има огромна колекција очила за сонце.

No comments

Powered by Blogger.