Репортери го посетиле местото каде падна американската "мајка на сите бомби": Тунелите кои ги користела ИСИС се недопрени, нема кратери ни докази за жртви

Пишува: Точка

Пред 11 дена Американците на истокот на Авганистан фрлиле бомба во која имало дури 11 тони експлозив.

Целта на "мајката на сите бомби" била да уништи комплекс тунели кои милитантите на ИСИС ги користеле, но ни десет дена по експлозијата уште не е познато колку џихадисти биле убиени.

Авганистанските власти тврдат дека биле убиени стотина припадници на ИСИС, но тие наводи Американците не можеле да ги потврдат.
 
Прв пат по нападот на местото на детонацијата пристигнале и новинари, но репортерот на Reuters известува дека не видел многу. Само запалена земја и дрвја, и расфрлани цигли. Дури и некои тунели кои ги користеле терористите останале недопрени. Докази за евентуални жртви нема.



Службениците на американската војска тврдат дека не можеле да ги повикаат порано новинарите бидејќи морале да го исчистат тоа подрачје од преостанатите милитанти на ИСИС, но и талибани. Репортерите кои дошле во Нангархар тврдат дека е тешко да се одреди местото на падот на бомбата, бидејќи нема никаков кратер, но судејќи според запалените дрвја може да се заклучи дека "бранот на топлина" запалил се во околината.

Американците нагласуваат дека воопшто не ги интересира колку милитанти биле убиени во нападот, туку дека целта им била да се уништи подземен комплекс од тунели и да се расчисти подрачјето од мини. Тоа денес го потврдил и американскиот министер за одбрана Џејмс Матис, кој допатувал во Авганистан.




"Копањето на тунели и броењето на жртви веројатно е бесмислено во момент додека го бркаме непријателот кој и натаму може да ни наштети", рекол Матис.

No comments

Powered by Blogger.