За десет години смартфоните ќе исчезнат, а еве што ќе ги замени

Пишува: Точка
Еден ден - многу порано од тоа што очекуваме - смартфоните дефинитивно ќе исчезнат. Темелите за неговиот пропаст малку по малку ги наместиле Илон Маск, "Microsoft", "Facebook", "Amazon" и безброј старт-ап компании.

Уште сме на најмалку 10 години од тој момент, но кога тоа ќе се случи, работите ќе тргнат во чуден тек, не само кога станува збор за производите, туку и за начинот на живот, а можеби и за самиот човек.

Ова е краток поглед на бавниот, но непрекинат процес кој води кон смртта на паметниот телефон и последиците кои тоа ќе ги има на светот.



На краткорочен план

"iPhone" и паметните телефони ги доживуваме како револуционерни уреди, доволно мали да можеме да ги носиме со себе, способни да вршат голем број наши дневни обврски и опремени со вистинска комбинација од камера и GPS сензори за да се овозможи користење на апликации како "Snapchat" и "Uber".

Меѓутоа, факт е дека паметните телефони всушност се намалена варијанта на десктоп компјутерите.

На пример, "Samsung Galaxy S8", кој бил претставен оваа недела, има прекрасен екран без рамка, а покрај тоа нуди и големи можности. Импресивен е, но попрво станува збор за збогатена верзија, отколку за нешто револуционерно.

"Galaxy S8" се испорачува со нов виртуелен помошник "Bixby", кој тврдат произведувачите, еден ден ќе ни овозможи исклучиво со глас да ја контролираме секоја опција и апликација.

Следниот "iPhone", меѓу другото, ќе има подобрена верзија на "Сири", како и опции кои треба да придонесат за зголемената реалност да стане меинстрим.



На среднорочен план

Различните експериментални технологии ќе прераснат во нешто познато, но бизарно.

"Microsoft", "Facebook", "Google" и "Magic Lip", сите работат на независни "хендсфри" уреди за измена на реалноста која ја проектираат деталните 3D фотографии директно во нашето видно поле. Се зборува и дека "Apple" работи на истото.

Според зборовите на Алекс Кипман од "Microsoft", измената на реалноста би можела целосно да го замени смартфонот, телевизорот и сите останати уреди со екран. Посебен уред во вашиот џеб повеќе нема да ви биде потребен ако сакате да се јавите, да разменувате пораки, да гледате филмови и да играте игри. Тие ќе се проектираат во вашето видно поле и ќе го покриваат светот околу вас.

Компјутерите ќе ги окупираат нашите сетила во поголема мерка отколку сега, при што во тоа што го гледаме и слушаме ќе посредува технологијата. Сето тоа е малку застрашувачко. Помислете што би значеле грешките на Фејсбук во светот кој не го контролира само тоа што ќе го прочитате на телефон, туку и тоа што ќе го видите во светот кој ве окружува.



Луда иднина

Оваа седмица бил претставена "Neuralink", нова компанија финансирана од Илон Макс. Нивната цел е со примена на технологија на "неурален чип" да се вгради компјутер во човечкиот мозок. Со помош на електроди имплантирани во мозокот ќе се воспоставува непосредна врска меѓу компјутерот и мозокот, што значи дека човекот и машината ќе станат едно.

Доколку обидот биде успешен, а многу веруваат дека ќе биде, тоа ќе биде крај на патот на кој не изведоа смартфоните. Доколку паметните телефони ни овозможија пристап до информации, а проширената реалност изнесува информации пред нас кога ни се потребни, тогаш сместувањето на неурален чип во нашиот мозок е алката која недостасува.

No comments

Powered by Blogger.