Што правела Кејт Мидлтон пред да стапи во брак со принцот Вилијам?

За поголемиот дел од нас, Кејт Мидлтон стана позната по веридбата со принцот Вилијам која ја најавија во октомври 2010-та година и откако стапија во брак, април 2011-та година.



Светот се запозна со жената која е позната како војвотката од Кембриџ, сопруга, хуманитарец, мајка на две и идна кралица.

Но, каков бил нејзиниот живот пред тоа?

Работна девојка

После дипломирањето на Универзитетот „St. Andrews“ во Шкотска, Кејт почнала да работи како „купувач“ за „Jigsaw“- личност во модната индустрија која предвидува месеци, па и години однапред што ќе се купува на пазарот.


Нејзиниот работодавач, Бел Робинсон открива дека таа била: „импресионирана од неа“.

„За време на паузата, седеше во кујната заедно со сите и зборуваше со сите - од шофери до сметководители.“.

Во 2007-та година, Кејт решила да ја напушти работата во „Jigsaw“ и почнала да работи како фотограф, вебсајт дизајнер и маркетинг агент за компанијата на нејзините родители, „Party Pieces“ каде работела додека не стапи во брак со принцот Вилијам.

No comments

Powered by Blogger.