Уапсениот Бобан за грабежот во НЛБ Банка не кажува каде се парите

Пишува: Toчка

Скопјанецот Бобан С. (40), кој во понеделникот наводно украл 2 милиона швајцарски франци и 270.000 евра, е приведен во Полициската станица во Кисела Вода, но парите не се пронајдени.

Според неофицијалните информации, осомничениот во полициската станица молчел и не открил кој му помогнал во овој милионски грабеж.

Според организационата структура на НЛБ Банка, трезорот спаѓа под Секторот за работа со готовина и депо. Трезорската служба е регулирана со Правилник за работа и точно се знае колку вработени има и кои се тие, кога смее и како да се влегува во трезорот.

Парите, односно два милиони швајцарски франци и 270.000 евра биле во главниот трезор на банката. Приведениот Б. С. околу 16 часот, откако му завршило работното време си заминал дома.



МВР веќе поднесе и кривична пријава против Б.С. и предлог за 30 дневен притвор.

Кривичната пријава е за затајување. Тој парите ги вадел од банката во период од 6 до 10 април, а нема никакви информации за тоа кај се парите.

Овој спектакуларен грабеж на банка, според начинот на кој е извршен и сумата која е украдена е најголем во последните 10 години.

No comments

Powered by Blogger.