Меркел тајно контактирала со британските служби

Германската канцеларка Ангела Меркел имала најмалку два состаноци со шефовите на три британски тајни служби кои ја известиле за терористички закани во Германија и Европа, а за што германските тајни служби немале никаква информација.



Овие средби наишле на остра критика кај германските безбедносни експерти, пренесува германскиот весник Focus.

„Канцеларката Меркел за 12 години од својот мандат ниту еднаш не дојде на неделните брифинзи со претседателите на германските безбедносни служби. Зошто патува во Англија? Зарем повеќе не им верува на своите луѓе?“, прашува неименуван висок службеник со кого разговарале новинарите.

Последниот состанок на Меркел со шефовите на британските тајни агенти се случил во октомври 2015 година, на имотот на тогашниот британски премиер Дејвид Камерон, недалеку од Лондон.

Во знак на благодарност за информациите кои ги добила Меркел на британските оперативци им го предала досието на германската служба БНД за претседателот на Русија Владимир Путин, како и анализа на ситуацијата околу Крим.

No comments

Powered by Blogger.