Бакнеж на смртта: Позирал со кобра, но не забележал што му оставила на образ, по неколку минути умрел

Пишува: Точка

Туристичкиот водич првенствено го игнорира, но човекот наскоро започнува да ја губи свеста...

Овој турист од Индија сакал само да се фотографира со смртоносната змија, но таа направила ова видео да му биде последно во животот.

Инаку, видеото кое е снимено го прикажува човекот во бела кошула како стои додека друг човек му врти кобра околу глава.

Речиси и не може да се забележи моментот кога смртоносната кобра го допира образот на туристот, па видеото продолжува..

Меѓутоа, иако човекот од прво не сфаќа дека штотуку примил смртоносна доза на отров, наскоро може да се види како се допира на каснатото место, видно вознемирен и ја прашува личноста пред себе дали е каснат.

Туристичкиот водич од прво го игнорира, но каснатиот човек набрзо започнува да губи свест, кога сфатиле што се случило наместо да го однесат во болница, тие го однеле кај локален медицинар.

По еден час, човекот починал од отровот на кобрата, пренесува Daily Mail. Инцидентот се случил во Јодхпур во провинцијата Раџастан, Индија. Не е познато во кој вид на кобра оваа змија припаѓа, бидејќи има пет локални видови, вклучувајќи ја и King Cobra. Сите содржат отров кој е потенцијално смртоносен за луѓето иако не се наоѓаат на списокот на првите десет најотровни змии на светот. Најчестата кобра во Индија, наречена Индиска кобра, содржи отров кој ги напаѓа нервните синапси што доведува до парализа и срцев удар.


No comments

Powered by Blogger.