НАСА покажа опасен астероид кој ќе прелета покрај Земјата

НАСА покажа опасен астероид кој ќе прелета покрај Земјата

Радарските станици на НАСА ги добија првите слики на големиот астероид 2014 JO25 кој ќе се доближи до земјата во ноќта на 20 април.

Астероидот настанал по судир на два малку поголеми астероиди. Тој е широк околу 620 метри и ќе може да се набљудува дури со мали телескопи од Земјата. Небесното тело е откриено во 2014 година.

Според достапните информации, тој ќе прелета на околу 1.1 милиони милји од нашата планета со рекордно висока брзина.

No comments

Powered by Blogger.