Прв пат пронајден жив примерок: Мистериозно суштество од морските длабочини ги шокираше научниците

Пишува: Toчка

Научниците прв пат под микроскоп ставиле примерок од многу реткиот и голем црв - "Shipworm", пронајден на Филипините.

Овој црв може да порасне и до 1,55 метри во должина и шест сантиметри во ширина, а во главно се храни со дрво. Овој вид им е интересен на научниците поради фактот дек дрвото не е најдобар прехранбен производ, но претходните анализи на овој животински вид откриле дека во внатрешноста на црвот се наоѓаат бактерии кои се хранат со двро, односно го разработуваат.

Иако ова животно е познато долга низа години, досега никој не ги истражувал овие црви, кои животот го минуваат во тврда лушпа во морето, пишува BBC.


Во морето кај Филипините бил пронајден редок и енигматичен вид познат под името "Kuphus polythamia", воедно најголем познат бивалвуларен вид на светот од семејството на "shipworms", кои обично се многу помали и многу добро се кријат.


Големиот црв кои научниците го пронашле на подрачјето на Филипините е единствен, не само по својата големина, туку и потоа дека се храни со морска кал и седимент, а во тоа му помагаат и бактериите.


Има значително помал организам од останатите животни од овој вид, а создава своја заштитна туба во која се крие, кое е изработена од калциум карбонат и седимент со кој животното се храни, односно го преработува.

No comments

Powered by Blogger.