Најдобриот руски тенк против најдобриот ракетен систем на САД: Што мислите, кој би победил?

Пишува: Точка

Рускиот тенк "T-14 Armata" има напредни безбедносни функции, така што американскиот противтенковски ракетен систем "TOW" нема да може лесно да го уништи, пишува "National Interest".

"Како што викторијанските дами носеле повеќеслојни здолништа за да го избегнат несаканото внимание, така и тенкот "Armata" има неколку нивоа на заштита", се наведува во статијата.

Пред сè, Т-14 е опремен со активен систем за заштита "Авганит", кој има различни средства за уништување. Тој ги штити сите структурни елементи на тенкот, а исто така го предупредува и екипажот за проектил кој доаѓа.


Системот "Авганит" може да соборува ракети од курсот кој му се приближуваат на T-14. Четири мултиспектрални инсталации со димни бомби ја прават "Armata" невидлива, како за голото око, така и за радарските системи. А ако непријателот не го види тенкот, тој не може да не го погоди, посебно ако е во движење.

Покрај тоа, системот за заштита на "Armata" може да уништи и ракети кои го напаѓаат. Радарите автоматски ја вртат куполата на тенкот во насоката на проектилот.
Дури и ако "Авганит" не проработи, тогаш на ред доаѓа системот за динамичка заштита "Реликт", кој овозможува да се неутрализира непријателскиот проектил пред да ја погоди целта.

Доколку ракетата на "TOW" сепак успее да ги надмине овие заштитни препреки, таа тешко ќе успее да мине низ оклопот на рускиот тенк.



"Пробивањето на фронталниот оклоп на "Armata" за "TOW" би било многу проблематично. Треба да се употребат многу ракети за барем една од нив да ја постигне целта", пишува весникот.

Сепак, системот "TOW-2B" е во состојба да изврши удар од горе. Во тој случај "Авганит", според мислењето на авторот, би бил немоќен. Но, доколку ракетата ја погоди куполата на тенкот, екипажот, кој се наоѓа во изолирана оклопна капсула, веројатно би преживеал.

"Дури и ако куполата се исфрли од строј, а тенкот мора да се однесе на ремонт, спасувањето на екипажот претставува приоритет за современите вооружени сили", стои во статијата.

Авторот на текстот дошол до заклучок дека противтенковскиот систем "TOW" може да му се спротивстави на тенкот "T-14".

"Се надеваме дека овие двајца никогаш нема да се сретнат", заклучил тој.



No comments

Powered by Blogger.