Израелците ја нападнаа Сирија: Авиони ги бомбардирале сириските војници додека се бранеле од терористи

Пишува: Точка

Израелската авијација ги ракетирала позициите на сириската војска во подрачјето Хан Арнаб во провинцијата Кунеитра, откриле извори од сириската армија за руски „Спутник“.

„Непријателските авиони на Израел лансирале две ракети од окупираната територија во 18 часот и 45 минути на една од позициите на нашата војска, а ракетите предизикаа материјална штета“, открил изворот за руската новинска агенција.

Според зборовие на истиот извор, нападот бил изведен во момените кога сириската армија се бранела, односно одбивала напад на терористите во предградието на граодт Кунеитра.
„Таквите акции нема да ја сопрат борбата на нашите вооружени сили против терористичките групи кои што се блиски до Израел“, додал изворот.

Претходно, прес службата на израелската војска соопштила дека израелските воздушни сили извеле ракетни напади на пограничните региони на Сирија, од каде што биле изведени неколку напади со минофрлачки гранати на Голанската висорамнина која што е под контрола на Израел.

Сепак, не е јасно дали сириските гранати паднале на територијата која што е под контрола на Израел намерно, или пак сето тоа било случајно додека траела размената на огнот со бунтовничките сили.

No comments

Powered by Blogger.