Наоми Вотс генијално ѝ се одмаздила на својата обожавателка која се обидела скришно да ја фотографира

Пишува: Точка

Убавицата Наоми Вотс на генијален начин ѝ се одмаздила на обожавателката која скришно се обидела да ја фотографира.

На Инстаграм се појави фотографија од актерката додека се вози во Метро, објавена од некоја нејзина обожавателка која седела веднаш спроти неа. "Прекрасната Наоми Вотс денес во Метро", пишувало под фотографијата на која актерката мирно си седи и си гледа во својот мобилен телефон.



Но обожавателката не ни сфатила дека Наоми е исто така искусна во "глумење папараци", се додека на официјалниот профил на актерката не се појавила слична фотографија од самата обожавателка, направена додека таа ја фотографирала актерката. "Мислиш дека си неприметна? #тефатив" напишала Наоми под својата фотографија и ги насмеала своите Инстаграм следбеници.


Целата ситуација се случила минатата година, но поминала незабележано се додека некои Твитерџии овие денови случајно ги поврзале двете фотографии и ја откриле оваа смешна ситуација.

No comments

Powered by Blogger.