НАТО се тресе: Русија на сред ЕУ распоредува моќни проектили: Ќе бидат поблиску до Берлин отколку до Москва!

Пишува: Точка

Земјите на НАТО го сметаат распоредувањето на ракетните комплекси "Искандер" во Калињинградската област како закана за својата безбедност, соопштила заменичката генерален секретар на Алијансата, Роуз Гетемилер во интервјуто за "Komersant".

"Никој не го оспорува фактот дека Калињинград е руска територија. Меѓутоа, распоредувањето на ракетниот комплекс "Искандер" е доказ за тенденциите за милитаризација и засилување на контролата над воздушниот простор. Многу членки на НАТО, соседи на Русија, тоа го сметаат како закана за својата безбедност", изјавила Гетемилер.

Претходно директорот на одделението за европска соработка при руското МНР, Андреј Келин, изјавил дека Москва нема намера да се правда пред НАТО за распоредувањето на комплексот "Искандер" во Калињинград.



Министерството за одбрана на Русија ги потврдило медиумските соопштенија за разместувањето на мобилните ракетни комплекси "Искандер-М" во Калињинградската област, пренесува Sputnik.

Официјалниот претставник на воениот ресор, Игор Конашенков, објаснил дека овие мобилни комплекси и ракетни сили ја усовршуваат обуката. Според неговите зборови, нема големи тајни во транспортот, и еден "Искандер" бил специјално поставен под американски шпионски сателит кој лебдел над оваа област, за да се утврдат параметрите на работа на тој вселенски апарат.



Трн во окото на НАТО

Кога балтичките земји се приклучиле кон НАТО, Калињинград станал непријателска територија во самиот центар на западната Алијанса. Тоа го направило ранлив, а истовремено и потенцијално опасен од воено гледиште.

Калињинград, руски град на Балтикот, физички одвоен од руската граница, е поблиску до Берлин отколку до Москва. Од Калињинград почнува таканаречената "Сувлаки пукнатина", 100 километри територија која оваа руска енклава ја поврзува со Белорусија, преку Полска и Литванија. Доколку дојде до ескалација на судирите помеѓу НАТО и Русија, овој дел на Европа би можел да биде главно жариште.



Се до 1945. година, Калињинград бил познат под името Кенигсберг, како престолнина на некогашната Источна Прусија. По победата на сојузниците во Втората светска војна, го добива името по Михаил Иванович Калињин, еден од челните луѓе на СССР.

Неговиот споменик и натаму стои исправен во центарот на градот, а покрај него се наоѓа статуа и од Владимир Илич Ленин.

По поразот на нацистичка Германија, СССР го анектирал градот и околината. Оваа област претставувала клучна стратешка точка, со оглед на тоа дека опфаќа балтичко пристаниште од витално значење.



До тогаш претежно германскиот град набрзо ги попримил сите обележја на советската култура и традиција, и за рекордно кратко време станал еден од центрите на Русија.

За време на Студената војна, Калињинград претставувал константна закана и "нож под грло" за скандинавските земји во централна Европа, со оглед на количината на советското оружје позиционирано на таа територија.

No comments

Powered by Blogger.