Страв од "Игор Србинот" во Италија: Ранет убиец со недели бега низ шума, а зад себе остава крвави траги

Пишува: Точка

Потерата по убиецот, 41-годишниот Игор Вацлавиќ, побегнатиот Рамбо или Игор Србинот, како што го нарекуваат италијанските медиуми, ни по две седмици не дала резултати, но кучињата трагачи конечно ги пронашле првите траги во шумата во која се крие.

Кучињата го намирисале Вацлавиќ уште минатата седмица, а денес полицијата ја одвеле до уште неколку предмети во шумата, за кои се претпоставува дека се траги кои би можеле да ги одведат до човекот кој се товари за две убиства и еден обид за убиство.

Сите пронајдени предмети биле пратени на анализа, а денес по повод овие трагови ќе биде свикана прес-конференција, пренесуваат локалните медиуми.

41-годишниот Игор Вацлавиќ од Суботица, кого италијанската полиција го нарекла "руски Рамбо", бидејќи служел војска во Москва, повеќе од две седмици е најбаран човек во Италија поради сурово двојно убиство и едно ранување.



Тој на 1. април го убил 52-годишниот Давид Ф., сопственик на бар во Болоња, бидејќи не му предал пари. По грабежот, побегнал во шума во близина, каде откако по една седмица криење бил забележан од чувар кој се обидел да го уапси, но го убил и него.

Откако се дознало дека се крие во шумата, 19 полицајци тргнале во акција за апсење, меѓутоа Игор застрелал еден од нив.

Како што претпоставуваат од полицијата, Вацлавиќ и натаму се наоѓа во шума во околината на Болоња, која е означена како црвена зона. Органите за ред сепак се сомневаат дека во успешното криење има и помагач, поради што ги следат сите повици на мобилен телефон во таа област, како и сите со кои се доведува во врска во последните неколку години.



Тоа што полицајците го дознале на терен е дека таа шума ја познава како својот џеб. Тешко е да се уапси бидејќи е обучен за снаоѓање во шумски услови, што усовршил за време на војните на просторите на поранешна Југославија. Интересно е што и на полициските кучиња им биле потребни повеќе од 10 минути за да му влезат во траг.

Во потрагата по "Рамбо" вклучени се хеликоптерски единици, но полицијата се сомнева дека е вооружен со два пиштоли и дека е еден од најопасните криминалци.

Италијанската полиција знае дека нема да се предаде жив, па органите за ред гледаат да бидат внимателни при неговото апсење. Вацлавиќ важи за суров криминалец кој е подготвен да убие за малку пари, и секако, кога животот му е загрозен.



Трагите ја откриваат неговата скривница

Илјадници луѓе, полицајци, падобранци и специјалци во Италија, со сета расположлива опрема за следење како и кучиња трагачи, се во потрага по Игор Србинот. Како што се претпоставува, тој е ранет во обид за апсење, а полицијата пронашла постелнина со траги на крв, за кои се претпоставува дека му припаѓаат нему. Тој детаљ исто така укажува на помошта на соучесник.

Вацлавиќ влегол на својот профил на Фејсбук последен пат на 9. април, кога ги избришал сите слики. Исто така, картичката за мобилен телефон која ја користи најверојатно се води на туѓо име, а полицијата се сомнева дека негов соучесник е жена со која е во емотивна врска, пишуваат локалните медиуми.

Проблеми на полицијата и задаваат и бројните повици на граѓаните од целата земја, кои пријавуваат дека го виделе бегалецот. Така вчера еден фармер од околината на Молинела рекол дека е сигурен дека Игор минал со пиштол и пушка на рамо, меѓутоа полицајците не пронашле ништо во тој реон.



Член на опасната банда "Пандек"

Игор Вацлавиќ, според полициските сознанија бил член на најсуровата италијанска банда, која го носи името "Пандек", а која ја сочинувале четворица мажи со потекло од поранешна Југославија. На товар им се ставаат пет разбојништва во Болоња, пишуваат италијанските медиуми.



Уапсен бидејќи гаѓал фармер со самострел

Како што пишуваат италијанските медиуми, Игор Вацлавиќ прв пат во нивната земја бил уапсен пред точно 10 години. Тогаш при еден грабеж гаѓал фармер со самострел. Добил три години затвор. Меѓутоа, кога излегол од затвор, при друг грабеж, повторно ранил човек. Осуден бил на пет години. Тогаш, наводно, Италија сакала да го врати во Русија, но тие рекле дека не е нивни државјанин, туку дека е од Србија.

No comments

Powered by Blogger.