Во Пјонгјанг денес се подготвува нешто големо: Северна Кореја одненадеж свикала конференција за странски новинари

Пишува: Toчка

Агенцијата потсетува дека и во минатото имало слични ситуации.

Службениците на Северна Кореја денес свикале конференција за странски новинари, кои, како што проценува, во Пјонгјанг ќе ги има околу 200, со порака да се подготват за голем настан во четврток, што светските медиуми го гледаат како показател дека во земјата се подготвува нешто големо.



Сето тоа се случува додека американскиот носач на авиони "USS Carl Vinson" се доближува до корејскиот полуостров, пренесува Reuters.



Се констатира дека нема показатели дека тој настан е поврзан со зголемените тензии во последната недела, а претпоставките одат до таму што се верува дека Пјонгјанг подготвува некаква грандиозна парада по повод роденденот на нивниот прв лидер, Ким Ил Сунг.



Агенцијата потсетува дека и во минатото имало слични ситуации, а кога новинарите ќе се собереле се воспоставувало дека станува збор за приредба по повод некоја годишнина.

Како пример се наведува и минатата година, кога новинарите биле поканети во седиштето на владејачката партија и таму биле затворени со часови, за на крај да се воспостави дека целиот спектакл бил приреден по повод поп-концерт.

No comments

Powered by Blogger.