Распаѓање во воздух: Уште еден неуспешен тест на балистички проектил на Северна Кореја

Пишува: Точка

Северна Кореја рано утринава неуспешно лансираше балистички проектил северно од главниот град Пјонгјанг кој се распаднал неколку минути по лансирањето и паднал во Јапонското море.

Според проценките, станува збор за балистичкиот проектил од среден домет „КН-17“ кој што не излегол од границите на Северна Кореја.

Тестирањето дошло во моментот кога американскиот државен секретар Рекс Тилерсон го предупреди Советот за безбедност на Обдинетите нации дека евентуален неуспех во стопирање на севернокорејската нуклеарна и балистичка програма може да доведе до „катастрофални последици“.

Според информации на американските и јужнокорејските разузнавачи, тестот изгледал како да не успеал, а тоа е четврто неуспешно тестирање на ракета на Северна Кореја од март оваа година.



Според аналитичарите, администрацијата на Трамп следното што планира да го направи поради ваквото однесување на властите од Пјонгјанг е да лобира да бидат збрзани и заострени санкциите за Северна Кореја.

Наводно санкциите би можеле да вклучат мерки против некои специфични севернокорејски и кинески ентитети, како и разместување на повеќе бродови и воени авиони во регионот како демонстрација на сила.

No comments

Powered by Blogger.