Хороскопски знаци кои нема да останат на еден брак

На денот на својата свадба сите помислуваат дека тоа е чекорот кој го прават за до крајот на својот живот и дека со својата втора половина ќе делат сè и во добро и во зло, додека смртта не ги раздели.

Image result for jlo and marc anthony

Меѓутоа, хороскопот вели дека некои знаци имаат поголеми шанси за развод и нов брак...

Ова се 3-те хороскопски знаци кои сигурно нема да застанат на еден брак:

Вага

Физичкиот изглед понекогаш не им е силна страна, но тоа го компензираат со својата колоритна и забавна личност заради која се неодоливи. Не се имуни на краткотрајните врски, но сепка, ги преферираат оние долгите и најчесто со личноста со која се во брак, долго претходно биле во врска. Од бракот најчесто излегуваат благодарение на заеднички договор со партнерот кој е свесен дека емоциите исчезнале, па најдобро е секој да си замине по свој пат.

Девица


Припадниците на овој знак обожаваат да се во центарот на вниманието и тоа им поаѓа од рака, бидејќи се неверојатно интелигентни, шармантни и духовити. Сакаат да бидат видени во секое друштво, но припадниците на спротивниот пол почесто ги доживуваат како пријателска фигура, отколку како „материјал“ за врска. Заради тоа, Девиците немаат многу врски пред бракот. Кога во брачниот однос нешто не е во ред, често тоа може да резултира со вонбрачни афери, но истите не остануваат прикриени. Девицата, кога ќе стане слободна, не го губи своето време и веднаш преминува на нов партнер.

Бик
Пред бракот имаат многу врски и авантури, а за брачен пар обично ја одбираат личноста со која не биле предолго во врска и на тој потег се одлучуваат потпирајќи се на интуицијата, а не на рационалното размислување. Бикот има проблем со љубоморните испади и не сака некој друг да се интересира за неговата втора половина, ниту да ја фали. Дури и кога е во брак со многу толерантна личност, Бикот и понатаму ќе сака да се движи на илјада места. Ако личноста со која е во брак му покаже дека може да функционира и без него, лесно се одлучува за развод и нова врска.

No comments

Powered by Blogger.