Прво напаѓаат па се надеваат: Еве зошто Американците не очекуваат руски одговор во Сирија!

Пишува: Toчка

Вашингтон не очекува од Москва никаков одговор на бомбардирањето на сириската база, со оглед на тоа дека мета не биле руски објекти, изјавил државниот секретар, Рекс Тилерсон.

"Не гледа причина зошто Русија на било кој начин би одговарала на овој напад, со оглед на тоа дека Русите не беа мета. Тоа беше многу прецизен напад како одговор на користењето на хемиско оружје", рекол тој.



Американскиот државен секретар исто така рекол дека со воведувањето на зона на стабилност во Сирија се создаваа дополнителни услови за политичко решавање на конфликтот, иако не прецизирал каде точно би се наоѓале тие зони.



Тилерсон, меѓутоа, повторил дека САД сакаат Сиријците сами да одлучуваат за иднината на својата земја, но и за својот претседател Башар ал Асад.



"Од таа причина, приоритет на САД во Сирија е борба против ДАЕШ. Откако заканата од таа терористичка организација ќе биде отстранета, ќе може да посветиме внимание на стабилизирање на ситуацијата во земјата", додал тој.



Американскиот службеник зборувал и за антируските санкции, велејќи дека не постои причина за нивно отстранување додека нешто не се промени по прашањето со Украина и Крим.

No comments

Powered by Blogger.