Без „среќен крај”: Како се запознале Џенифер Анистон и Бред Пит

Пишува: Точка

Златниот пар на Холивуд во 2005 година објави дека се разведува. Џенифер била сосема скршена и оттогаш храбро се носеше со епитетот жена која нема среќа во љубовта.

Бракот помеѓу Џенифер Анистон (48) и Бред Пит (53) го нарекуваа совршена љубовна приказна. Тие беа еден од омилените холивудски парови, се` додека филмот „Господин и госпоѓа Смит“ не ги предизвика неволјите во нивниот однос, на чиј сет се случила фаталната средба помеѓу Анџелина Џоли (41) и Бред Пит.



Златниот холивудски пар во 2005 година објави дека се разведува, а после разводот Џенифер Анистон ја следеше епитет на жена која нема среќа во љубовта. Таа лоша карма ја промени нејзиниот сегашен сопруг Џастин Теру (45) со кого актерката е во хармоничен брак од 2015 година.



И додека повеќето луѓе ја знаат оваа приказна, помалку е познато како се запознале Бред и Џенифер. Како што пишуваат странските медиуми, средбата помеѓу двајцата актери ја договориле нивните менаџери, бидејќи сметале дека се создадени еден за друг.



Во тоа време и двајцата биле многу успешни. Пит ги одиграл некои од своите најдобри улоги, како што е онаа во филмот „Седум“, а Анистон ја снимала петтата сезона од популарната серија „Пријатели“. Очигледно менаџерите многу добро ги познавале, со оглед на тоа што љубовните искри се појавиле на прв поглед. Парот потрошил околу милион долари на свадбата, а првиот танц го изиграле на песната „The Way You Look Tonight” од Френк Синатра.

No comments

Powered by Blogger.