Се појавила нова дрога, се вика "спајс", и еве како се препознаваат корисниците

Пишува: Точка

Велика Британија е потресена од снимка од момчиња кои пушат "Спајс" во телефонска говорница и потоа се "клатат" по улиците како зомбија.

На снимката се гледаат две лица како пушат ролана цигара во центарот на Манчестер и еден од нив потоа се "распаѓа". Паѓа на колена, не може да стане, а една девојка се обидува да му помогне. Видеото го снимил еден од минувачите, кој наишол на осуда од јавноста бидејќи гледал од страна.


Случаите со млади Англичани кои се тресат како зомбија добиваат облик на епидемија, бидејќи "Спајс", која исто е наречена и синтетичка марихуана, им е се попристапна на корисниците. Од полицијата велат дека се борат со овој проблем, но дека работите стануваат "полоши и полоши", иако оваа дрога била забранета во мај минатата година.



Лажната марихуана има хемиски состав и е најпопуларна меѓу младите луѓе и бездомниците. Во Америка е позната како "К2", а по епидемијата на зомбија на њујоршките улици, во тој град се забранети синтетички дроги.



Во Русија станала легална пред 15-тина години, била достапна во продавниците, па ја користеле и основци. Поранешен зависник од Сочи, иако чист пет години, тврди дека уште ги чувствува последиците од пушењето на "зачин", дека мозокот му е оштетен и дека не може да се врати во реалноста.



Некои корисници на оваа дрога мислат дека се чувствуваат подобро, меѓутоа во реалноста не е баш така. Повеќето рекле дека по пушењето имаат напади на анксиозност, параноја и халуцинации.

Последиците се забрзана работа на срцето, повраќање и збунетостс. "Спајс" може да го зголеми крвниот притисок и да предизвика намалување на доток на крв до срцето, а во неколку случаи е поврзан и со срцеви удари.

No comments

Powered by Blogger.