Студена војна на крајот на светот: Русите поставуваат напреден ракетен систем на Арктикот

Пишува: Точка

Јакнењето на руските вооружени сили на Арктикот, официјален Кремљ го оправдува со општото регрупирање на вооружените сили на Руската Федерација.

Русија продолжува да ги зајакнува своите воени потенцијали на Арктикот, а последниот во низата на неколку потези со ваква цел претставува поставувањето на против-ракетниот систем кој ќе биде посебно модифициран за условите на Северниот пол.

Командантот на руските копнени сили генерал Олег Салјуков изјави дека арктичката воена опрема ќе биде за прв пат претставена на воената парада оваа година која се одржува на одбележувањето на Денот на победата над нацистичка Германија.

„Јавноста за прв пат ќе има прилика да ги види таквите (арктички) одбранбени системи како што се „Тор-М2ДТ“, проектилите и артилерискиот систем „Панцир СА“, како и некои помошни возила“, изјави Салјуков и додаде: „Исто така, можно е да ги претставиме и унапредените верзии на тенкови, најверојатно Т-72Б3М“.



Генералот објасни дека новата опрема ѝ овозможува на Руската Федерација да ја одржува безбедноста и покрај тоа што на Арктикот владеат сурови климатски услови, теренот е непристапен и системите ќе бидат далеку од своите логистички објекти.

„Тор-М2ДТ“ кој ќе биде распоредена Арктикот, претставуа унапредена поларна верзија на системот „Тор-М2“ - краткодометен ракетен систем земја-воздух кој има домет од 20 километри.
Според зборовите на командантот на руските сили за против-воздушна одбрана, освен системот „Тор“, Москва оваа година ќе заврши со унапредувањето на системот „С-300 В4“ со што Русија ќе добие „напреден против-воздушен артилериски комплекс“.

Според командантот на руските копнени сили генерал Олег Салјуков, јакнењето на руските вооружени сили на Арктикот, официјален Кремљ го оправдува со општото регрупирање на вооружените сили на Руската Федерација, како и напорите за модернизција и јакнење на борбената готовност на армијата.

No comments

Powered by Blogger.