Поранешна НФЛ ѕвезда изврши самоубиство во затвор


Поранешната ѕвезда на американскиот фудбал, Арон Хернандез се самоуби во затвор, пренесоа американските медиуми. 27-годишниот спортист е пронајден мртов од чуварите во затворот во Масачусетс, каде отслужува доживотна затворска казна.

Хернандез, кој беше прогласен за еден од најдобрите играчи во историјата на овој спорт, лежеше во затвор поради убиство.

Од затворот излегоа со официјално соопштение за смртта на Арон Фернандез.

„Г-дин Хернандез беше во ќелија. Тој се самоубил користејќи чаршав, заврзан за решетката на прозорецот. Се обидел да ја блокира вратата однатре, откако наредил зад неа различни предмети“.

Американецот беше осуден на доживотен затвор без право на помилување поради убиство на полупрофесионалниот фудбалер Один Лојд во јуни 2013 година.

No comments

Powered by Blogger.