По стапките на Тито, Вучиќ открива: Ќе правиме нова Југославија + Албанија

Пишува: Точка

Премиерот и новиот претседател на Србија, Александар Вучиќ, се залага за економската и трговската унија на земјите од поранешна Југославија и Албанија, бидејќи тоа би ја зголемило економијата на целиот регион и би ја зајакнало регионалната соработка.

Во интервју за американскиот портал "POLITICO", Вучиќ истакнал дека доколку другите се согласат со неговиот план, би станале пазар од 20 милиони луѓе, што е навистина значајно бидејќи би можеле да привлечеме многу повеќе инвеститори.

"Мислам дека ова го разбираат и останатите", вели Вучиќ.

На прашањето дали сака да создаде нова Југославија, Вучиќ изјавил дека тоа би била "Старата Југославија + Албанија".. "Тоа е политичка идеја без да се загрози суверенитетот на овие земји. Ова ќе ни ја зајакне економијата на сите. Потребна ни е стапка на раст од 4-5% годишно, а не од 3%. Тоа не е доволно", објаснува Вучиќ.

На прашањето како планира да постигне таква соработка со оглед на тензиите во соседството, Вучиќ објаснил дека Тито веќе еднаш успеал во ова. "Тој беше комунистички диктатор, но многу интелигентен човек. Бравар, можете ли да замислите? Но многу паметен. Знаел како да ги поврзе луѓето.. Тоа е она што ни треба. Да се обединиме", истакнал.

Тој својата идеја ја објаснил со пример: "Имаме млекара која извезува јогурт, млеко и сирење во Босна. Нивните камиони мораат да чекаат најмалку 36 часа на границата за да се извршат сите инспекции и не знаеме зошто ова е вака. Сите наши компании и многу други би заштедиле најмалку 7% од сите трошоци кога не би било така"..




Јас секогаш ќе бидам тука за својот народ

ЗБорувајќи за ризиците од конфликти на Балканот, тој изјавил дека "што и да се случи во Косово, секогаш е нешто меѓу Србите и Албанците. Кога барем едната страна би била разумна, конфликтите би се избегнале. Но во Босна се три страни и не е лесно да се справи со ова. Босна е вистинско буре барут", изјавил Вучиќ и додал дека во Босна и Херцеговина нема да има никаков референдум за отцепување.

Како што вели, ова му го кажал пред два дена во Мостар, Милорад Додик, додавајќи дека односите помеѓу БиХ и Хрватска би можеле да бидат проблематични. "Лидерите во БиХ се љубезни едни кон други, но не сум ги видел да дискутираат за сериозни прашања. Кога ќе се задлабочите во деталите ќе видите дека нема можен договор на повидок. Сите се борат за својата територија и своите права", изјавил Вучиќ.

По повод 25-годишнината од почетокот на војната во БиХ, тој изјавил дека од тогаш научил многу. "Јас сум горд Србин и секогаш ќе бидам тука за својот народ, но научив да ги гледам работите и од перспектива на другите, да сфатам тие како гледаат и што чувствуваат. Мораме да ги почитуваме и нивните погледи, а не да гледаме само за себе", заклучил Вучиќ.



Наведувајќи дека секогаш ќе постојат луѓе кои не се задоволни со резултатите од изборите, оценил дека протестите во поголемите градови во Србија се всушност од лична омраза кон него. Тој додал и дека ги "дозволил протестите без да интервенира" бидејќи тоа е вистински знак на демократија, на што многу се гордее.

Линк до оригиналното интервју од politico - овде.

No comments

Powered by Blogger.