Кинезите прават шума на небото: Вакво чудо само тие можат да создадат!

Проектот на вертикални шуми стана неверојатно популарен, па се очекува негова реализација и во други делови низ светот.

Во борбата против големото загадување, Кина почнала со изградба на првите „вертикални шуми“ во Азија кои ќе произведуваат 60 килограми кислород на ден.



Во рамките на проектот наречен "Nanjing Green Towers" ќе бидат изградени две зелени кули од кои повисоката ќе се издига 200 метри.

Повеќе од 1000 стебла дрва и 2500 растенија ќе ги прекриваат балконите од кулите, на сличен начин на кој се раззеленети зградите "Bosco Verticale" во Милано во 2014 година. Миланската „шума на небото“ е најдобрата висока зграда на светот за 2015 година.



Станбените кули „Bosco Verticale“, кои се популарни по густата вегетација на терасите т.н. градини на небото, се добитници на наградата за „Најдобра висока зграда на светот во 2015 година“.



Зеленилото ќе прекрива површина од 6.000 квадратни метри, а се очекува дека ќе апсорбира 25 тони јаглерод диоксид секоја година. На осум од 35-те катови на повисоката кула ќе се наоѓаат деловни простории, а зградата ќе содржи и музеј, училиште за „зелена архитектура“ и приватен клуб на врвот од зградата.

Во пониската кула ќе биде сместен луксузен хотел со 247 соби, а на нејзиниот покрив ќе има базен. Завршувањето на градбата на зелените кули се очекува за 2018 година.



Зад овој проект стои ист архитектонски тим кој ги дизајнирал „вертикалните шуми“ во Милано, Италија и Лозана, Швајцарија.

Кина има во план да продолжи со слични проекти, па архитектот Стефано Боери бил замолен да креира цели градови – шуми кои би можеле да станат реалност во многу блиска иднина.




No comments

Powered by Blogger.